Маж починал по задушување од пожар предизвикан од греалка

од Milan1
26 прегледи

Струмичанец на возраст од околу 60 години денеска напладне починал во сопствениот дом во пожар предизвикан од греалка.

Веста ја потврдија од СВР Струмица. Оттаму само кратко информираа дека денеска во 12:35 часот на улица „Широк дол“ во Струмица е пријавено дека има починатото лице и дека увидот се уште трае, а повеќе информации полицијата најавува за утре.

Според Митко Димчев, инспектор за пожари во Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), најверојатно и од првичните информации станува збор за несреќен случај, односно починатиот струмичанец најверојатно паднал врз вклучена греалка од која добил изгореници што предизвикала чадење во просторијата по што починатиот се задушил.

Од ТППЕ Струмица информираа дека во гаснењето на пожарот во запалена просторија од куќа интервенирале со четворица пожарникари и едно против пожарно возило.

– За жал, при интервенцијата внатре во просторијата, е пронајдено мртво лице чие тело беше зафатено од пламенот, стои во информацијата од струмичките пожарникари.

Смртта на струмичанецот ја констатирал лекар, а покрај полицијата увид извршил и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Слични содржини