Струмичките земјоделци трет ден на протест и блокада за ниската откупна цена на зелката

од desk3
125 прегледи

Струмички земјоделци денеска повторно еден час протестираа поради ниската откупна цена на зелката. Овој пат еден час го блокираа магистралниот пат Струмица – Скопје, на раскрсницата кај населеното место Градашорци.

????????????????????????????????????

– Ги повторуваме нашите барања. До крајот на април пролетната зелка да се откупува по 20 денари за килограм. Исто така, пред почетокот на откупната сезона на другите раноградинарски производи, жално е краставицата да почне со цена од 25 денари за килограм. Затоа бараме откупот на краставицата да стартува од 35 денари. Потценувачки е лутата пиперка да се продава по два денари парче, кога пред две – три години чинеше 10-15 денари од парче, истакна Ристо Велков, претседател на Регионалниот синдикат на земјоделските производители од Струмица.

Напад врз пералниците на пари! Властите во Салвадор упаднаа во канцелариите на “Мосак Фонсека”

Тој посочи дека бараат итна средба со претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да најдат начин за решавање на кризата. Во спротивно, најавија радикализација на протестите и блокирање на граничните премини од кои, како што велат влегува зеленчук кој ја намалува нивната откупна цена.

????????????????????????????????????

Велков ги отфрли тезите дека овие протести имаат политичка позадина. Претседателот на Регионалниот синдикат рече дека трошоците на еден градинар за еден хектар површина се 200 илјади денари, па субвенциите од 30 илјади денари не покриваат голем дел, а со ниските откупни цени земјоделците се во голема загуба.

Струмичките земјоделци пред два дена, еден час го блокираа патниот правец Струмица – Ново село кој води кон Република Бугарија.

Вчера, во струмичко беше заменик минситерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, кој по средбата со повеќе трговци и претставници на земјоделски здруженија истакна дека постојат позитивни најави за промена на тековната состојба, отворање на европските пазари и поголем откуп на пролетната зелка што би ја зголемило нејзината цена. Посочи дека како Влада и како Министерство директно ги помагаат градинарите со 30 илјади денари по хектар, а во однос на откупот прават се што е во рамки на пазарните движења./МИА

 

Фото: 24 Струмица