Огромна бура кренаа настаните во Истанбул на натпреварот од 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Имено, навивачите на Фенербахче му скандираа на Владимир Путин
– „Ла, ла, ла, Владимир Путин…“ – се слушаше од грлата на десетици илјади навивачи на домашниот тим.
За работите да бидат уште попроблематични, ривал на Фенербахче беше украинскиот клуб Динамо Киев.
Погледнете како изгледаше скандирањето на речиси целиот стадион:
Fenerbahce fans cheering for Vladimir Putin after the goal scored by Dynamo Kyiv @UEFA pic.twitter.com/7Ax3V009m8
— FORA (@Foraorg) July 27, 2022
Останува да видиме како УЕФА ќе реагира на сето ова.
Што се однесува до самиот резултат. Динамо од Киев победи во Истанбул со 2:1 (по продолженија) и се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.