Сцени што ќе го потресат светот: Навивачите на Фенербахче го скандираа името на Путин во мечот против Динамо Киев (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Огромна бура кренаа настаните во Истанбул на натпреварот од 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Имено, навивачите на Фенербахче му скандираа на Владимир Путин

– „Ла, ла, ла, Владимир Путин…“ – се слушаше од грлата на десетици илјади навивачи на домашниот тим.

За работите да бидат уште попроблематични, ривал на Фенербахче беше украинскиот клуб Динамо Киев.

Погледнете како изгледаше скандирањето на речиси целиот стадион:

Останува да видиме како УЕФА ќе реагира на сето ова.

Што се однесува до самиот резултат. Динамо од Киев победи во Истанбул со 2:1 (по продолженија) и се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.

Слични содржини