Дебел слој снег го покри Акропол во Атина откако студениот бран ја погоди Грција, што доведе до нарушувања во сообраќајот и прекинато вакцинирањето против ковид 19.
Од саботата, 13 февруари, во Грција паѓа снег во количина што не се памети во последните 10 години, а на северот на земјата е забележана температура од минус 20 степени. Снег падна во Атина, па дури и на плажите, што е многу ретко Некои улици во Атина се затворени за сообраќај поради снег. Норвешкиот амбасадор Фроде Оверленд Андерсен објави фотографија од колега што доаѓа на работа на скии.
Challenge accepted! Skiing ⛷ down Filothei hill #AthensSnowCapitol #NorwegianFun 🇳🇴🇬🇷 pic.twitter.com/HHiunx7DwJ
— Frode Overland Andersen (@norwayingreece) February 16, 2021
Нема електрична енергија во неколку области во Атина поради снегот и дрвјата на далекуводите, а некои железнички линии од Атина се откажани.
Властите мораа привремено да ја прекинат вакцинацијата против ковид 19.
Според најавите на метеоролозите, ваквите студени услови ќе продолжат до крајот на оваа недела.