Студен бран ќе ја зафати Македонија, од следната недела врнежи

од Nikola Popovski
206 прегледи

Поради продор на значително постуден воздух од север, во текот на ноќта недела кон понеделник во земјава ќе дојде до поголема промена на времето и нагло заладување, особено во северната половина од државава. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер, како и со локален дожд.

Во понеделник максималните дневни температури кај нас ќе бидат пониски од сегашните дури за 8 до 9 степени, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен, а ќе продолжи да дува северниот ветер.

Повеќе врнежи и пооблачно ќе биде во вторник, информираат од Метеоаларм.

Се на се следната седмица кај нас ќе биде многу променлива, но од средината на истата температурите повторно позначително ќе се покачат.

Во посеверните предели од Балканот овој студен бран ќе се почувствува повеќе, па така од недела не се исклучува можноста на планините да се појават и првите снегулки за оваа сезона.

Слични содржини