Студенти апсени и бркани од библиотека кои и не биле на протест

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Според написите по социјалните мрежи студенти се жалат дека биле тепани и апсени, некои и кои не биле ниту на протестот пред Владата ,а дел од нив  биле избркани од читална  во  библиотеката кај Буњаковец каде што редовоно  учеле. Специјалците не им прифакале дека некој во 23 ч  учи во библиотека, и ги избркале барајќи демонстранти. Други  кои беа упасени пред владата и околните улички,  на антивладиниот протест, сеуште се во полициски станици во Скопје.
20150505_213907
Некои од нив за локално.мк велат дека ниту биле насилни, ниту пружале отпор , им биле ставени лисици и биле однесени во полициска станица, каде изутрината им биле кажано дека во текот на денот ќе бидат директно изведени пред судија за прекршоци.пленумц

 Со став  се јави Студентскиот Пленум  каде се вели :

Денес пленумци и пленумки беа брутално тепани од полицијата додека беа на протест против полициска бруталност. Нема да ви ќутиме. #‎ПоздравПленумци‬, објави Студентскиот пленум на социјалната мрежа Фејсбук.

mkd-192102

За денеска се најавува и реакција на новинарскиот синдикат, поради  недоследен однос  кон новинарите кои го следеа настанот. Полицијата ги бркала и грубо се однесувала кон новинарите кои известувале за настанот, ги буткала заедно со деонстрантите, а како што јавија  известувачите од терен, пред Владата бил нападнат и постар колега Зоран Иванов.

20150505_215426

Како што претходно објавивме,  во вечерашните протести пред Владата, се приведени и повредени се повеќе полицајци а еден човек во цивил е потешко повреден и пренесен во болница, но нивниот идентитет не е познат.

20150505_213907 полиц мк

Во судирот помеѓу полицијата и демонстрантите имало и повредени, но од МВР велат дека со повеќе информации ќе излезат во текот на утрешниот ден.

Во продолжение, видео на порталот mkd.mk од атмосферата за време на вечерашниот протест, во моментот кога полицијата се обиде со сила да ги разбие демонстрантите.