Студенти направиле план како да го фатат масовниот убиец во Прага: „Еден беше мамка…“

од Stefanija Kuzmanovska
640 прегледи

Во пукањето кое се случи вчера попладне на универзитетот во центарот на Прага, загинаа повеќе од 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, а повеќе од 30 се повредени, некои потешко, соопшти прашката служба за итни случаи.

Чешката полиција нешто по 15:00 часот извести дека интервенирала поради пукање на Филозофскиот факултет, на плоштадот Јан Палах. Полицијата тогаш извести дека напаѓачот е „елиминиран“. Чешката влада го прогласи 23 декември за ден на жалост. Се уште не е познат мотивот за масовното убиство.

„Тивко се затворивме во училницата. Еден од нас беше мамката, а другите беа подготвени да се нафрлат на напаѓачот“, опиша студент.

„Добро живеев, не сакам да умрам, но што да правам? Среќно на сите во зградата. Го слушаме како пука на четврти кат“, напиша тој на социјалната мрежа Х кога се појавија информации за нападот.

Тој и учениците кои биле во училницата со него не се повредени во нападот.

„Тивко се затворивме. Едниот беше мамка, другите беа спремни да се нафрлат на некого и да го совладаат. Направивме план, се договоривме што да правиме и како“, опиша тој.

Подоцна, кога стана јасно дека напаѓачот убил 15 луѓе, тој на X напиша:

„Нашите грешки: Не се забарикадиравме веднаш откако го слушнавме пукањето. Не повикавме полиција (малку ми е жал поради тоа, но главно се трудевме да бидеме тивки). Кога пукањето беше потврдено, се договоривме за план за напад на напаѓачот. Еден од нас требаше да го намами напаѓачот, двајца требаше да му фрлиме сè при рака, а третиот беше подготвен со шипка од заседа. Од шест лица, еден беше исплашен. Одлична статистика“, наведе тој.

Слични содржини