Студентите по медицина протестираат – „Учиме за да бидеме доктори, а не пациенти“

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Започна протетсот на студентите по медицина кои бараат средба со Министерот за здравство, Никола Тодоров, по измената на Законот за студии по медицина.  Со транспаренти   „Не сме експериментални глувчиња“, „Учиме за да бидеме доктори, а не пациенти“, „Спасете ни го образованието“, „Увоз на реформи=извоз на доктори“, студентите го изразија револтот за експресно донесување на законот без консултации со експерти. Студентите веќе неколку пати испратиле барање до надлежните за да им објаснат зошто треба да полагаат државен испит во втора и четврта година и каква ќе биде процедурата, но за сега не добиле одговор.

medicina-777x437

Фото: Нова ТВ

Слични содржини