Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ веќе испрати апел до Владата, Град Скопје, Министерството на Град Скопје и ЈСП Скопје да се произнесат јавно дали се предвидени средства и дали јавниот градски превоз за студентите ќе биде бесплатен. Според Александар Николоски, претседател на студентското собрание, билетите не се продолжуваат на билетарниците на ЈСП за 2025 година, а од друга страна, МОН вели дека се предвидени средства.
Николоски вели дека ќе чекаат одговор од институциите и доколку тоа не се случи, студентите ќе преземат соодветни мерки со кои ќе го искаже својот став дали е смешно студентите да немаат бесплатен превоз, доколку таа веќе е обезбедена 10 години од страна на Владата.
-На дел од студентите им кажуваат дека нема да има градски превоз. Од страна на ЈСП рекоа дека се уште се чека одлука од Град Скопје. Од МОН одговорот е дека има средства, кажа Николоски.
Очекува одговор во текот на наредната недела.
-Една од опциите е да протестираме пред сите институции, а другата е активно да комуницираме и пристикаме мерката да продолжи. Ако МОН предвидела средства, треба заедно со Град скопје да се договорат што ќе прават со заостанатиот долг, а тековно да си продолжи мерката за студентите, кажа претседателот на Универзитетското студентско собрание.