Студентите со театарската претстава „Ревизор“ најдобри во Ѓаково

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Студенти од трета година на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на професорката Мими Таневска со претставата „Ревизор“ освоија награда за најдобра претстава на фестивалот на театарските академии „Дионис“ во Ѓаково, Хрватска.

На фестивалот, што го организира Уметничката академија од Осиек, учествувале и студенти од академии од Загреб, Сплит, Австрија, Германија и Романија. Тој се организира од 2008 година.