Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ го надмина проблемот со греењето

Во врска со известувањата за актуелните настани поврзани со обезбедувањето на топлинска енергија во студентскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“, Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје, ја информира јавноста дека на ден 14.01.2021. година обезбедена е доволна количина на Екстра лесно масло ЕЛ-1, наменета за потребите на студентите сместени во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, со што проблемот е надминат.

Воедно, Ве известуваме дека целиот проблем е настанат поради технички причини, но благодарение на општествено одговорната компанија Gulf Oil, за потребите на Домот ја донираше потребната кличина на Екстра лесно масло Ел-1.

Слични содржини