Зошто бојкотираме?
За да го вратиме највисокото претставничко тело во рацете на студентите!
Овие избори се распишани од студенти кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори.
– Овие избори се спроведени во лето надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во скопје и не можат да гласаат.
– На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот.
Како бојкотираме?
Придружетени се на платото на УКИМ заедно да го блокираме влезот до гласачките места.
Зошто се важни овие избори?
Претседателот на СПУКМ е највисокиот претставник на студентите. Тој одлучува кој ќе биде следниот ректор на вашиот универзитет! Тој седи во наставно научен совет! Тој одлучува дали парите на студентите ќе се трошат за студентски журки или студентски домови! Тој ќе биде оној кој кога ќе има студентски протести ќе излезе и ќе им се придружи наместо да ги дискредитира!
Блокирањето на избори не е кривично дело!
Според член 122 став 10 од Крвичниот законик на Р.М.
,,Како избори и гласање се сметаат изборите за претставници на
граѓани во Собранието на Република Македонија и во локалната
самоуправа, за претседател на Република Македонија и изјаснувањето на
граѓаните на референдум.”
Кривичниот законик не ги дефинира изборите за Претседател на СПУКМ во објаснувањата на значењата и изразите на Законикот, што значи блокирањето на истите и повик за спречување на дискриманторските и нелигитимни избори на СПУКМ не претставува кривично дело.