Две дози на вакцините Фајзер/Бионтек и АстраЗенека се ефикасни против индискиот сој коронавирус, покажа студија за јавно здравје во Англија.
Студијата покажала дека вакцината на Фајзер и Бионтек е 88% ефикасна против индискиот сој, две недели по приемот на втората доза.
Се покажа дека две дози на вакцина АстраЗенека се 60% ефикасни против оваа варијанта.
Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, објави дека податоците се исклучително важни и дека се надева дека се повеќе земји ќе ги укинат ограничувачките мерки воведени поради коронавирусот.
„Сè повеќе сум сигурен дека сме на патот кон големо откритие, бидејќи овие податоци потврдуваат дека вакцината работи против индиската варијанта по две дози“, рече Ханкок.
Според плановите на британската влада, ограничувачките мерки ќе бидат укинати на 21 јуни.
Велика Британија успеа да ја спроведе најбрзата вакцинација во цела Европа, но се соочи со нов предизвик поради ширењето на новиот сој на вирусот, откриен во Индија.
Неодамна објавените податоци покажуваат зголемување на заразените за 10 проценти.
Премиерот Борис Џонсон нареди забрзување на процесот на вакцинирање, така што жителите ќе ја добијат втората доза на вакцината што е можно поскоро.