Децата со црна боја на кожата имаат 3,5 пати поголема веројатност да умрат отколку белите деца по операција во САД, според студијата која опфати десетици илјади деца.
Анализата, спроведена од истражувачи од Националната детска болница во Охајо, опфаќа деца со релативно добро здравје по операцијата, поточно деца кои немале хронично заболување или други фактори на ризик, затоа што црнците во Соединетите држави генерално имаат повеќе „коморбидитети“ отколку белците, што го зголемува ризикот од смртност.
Истражувачите сакаа да видат дали постоперативната состојба се разликува дури и кај здравите пациенти. Со анализирање на 172.549 пациенти во периодот од 2012 и 2017 година, тие добија потврден одговор.
Според податоците од 186 болници, многу малку деца умираат во рок од 30 дена по операцијата: 23 бели деца и 13 црни деца. Но, сразмерно, стапката на смртност кај белите деца е 0,02 проценти а кај црнците 0,07 отсто, што е за 3,5 пати поголема.
Истражувачите откриле дека црните деца имаат поголема веројатност да имаат постоперативни компликации (13,8 отсто белите и 16,9 отсто црните деца), како и сериозни несакани ефекти како што се срцев застој или нова операција.
Студијата не одговара на прашањето „Зошто“?
Авторите ги наведуваат потенцијалните причини, како медицински така и социјални и економски, бидејќи расни разлики во здравството се проучувале со децении во Соединетите Држави каде што бојата на кожата (Американците зборуваат за „раса“) е дел од целата статистика.
Бојата на кожата е поврзана со социоекономскиот статус: Афроамериканците имаат поголема веројатност да имаат постоперативни компликации; поголеми проблеми во комуникацијата со медицинскиот персонал; свесен или несвесен расизам е можен со лекарите, а сиромаштијата и пристапот до медицинска помош се исто така фактор.
Несомнено, црните деца се лекуваат во болници со послаб квалитет: во локалните болници на населбите во кои живеат. Исто така, можно е лекарите да бидат помалку подготвени да препознаат медицински проблем кај црните пациенти отколку кај белците, како што покажаа другите студии, особено кога станува збор за подготвеност да ја признаат болката.
Авторите не извлекуваат заклучок помеѓу причината и ефектот, но веруваат дека проблемот има повеќе причини.
„Овие резултати можат да помогнат да се земат предвид опасностите пред операцијата и да им помогнат на авторите на другите студии да ги разјаснат механизмите на расни разлики во постоперативните исходи кај децата“, заклучува студијата.