Студија: Германија ја предводи Европа во патентни апликации против рак

од Vladimir Zorba
355 прегледи

Германија е европски лидер во барањата за патенти за иновации во борбата против ракот, покажа студијата на Европската канцеларија за патенти (ЕПО) објавена во средата.

Со врвни апликанти како Bayer и Siemens, Германија сочинува речиси четвртина (23%) од барателите на патенти со седиште во Европа и повеќе од 9.000 меѓународни патентни семејства во оваа област помеѓу 2002 и 2021 година.

Патентни семејства е група на пријави за патенти кои се однесуваат на иста или слична техничка содржина.

Авторите напишаа пред Светскиот ден на ракот во недела дека Германија ја задржува својата водечка позиција во Европа во изминатите 20 години и покрај благо опаѓањето на бројките.

Во светот, Германија е рангирана на четвртото место со 9.375 меѓународни патентни семејства во овој период – по САД, Јапонија и Кина.

САД се светски лидер во иновациите поврзани со ракот, според Канцеларијата за патенти. Околу 46% од сите пронајдоци за кои се поднесени патенти помеѓу 2002 и 2021 година се во сопственост на американски компании. Во Европа, Обединетото Кралство е на второ место зад Германија и пред Франција и Швајцарија.

Кога станува збор за компаниите, швајцарските фармацевтски гиганти Roche и Novartis беа светски лидери, следени од холандската здравствена групација Philips и американските Johnson & Johnson и Pfizer.

Во Германија, Bayer и Siemens се на врвот и ги зазедоа шестото и седмото место во светот.

И покрај напредокот во истражувањето и технологијата, ракот останува глобална закана за здравјето. Во Европската унија, на речиси секој трет маж и на секоја четврта жена му е дијагностициран рак пред да наполни 75 години, покажуваат бројките на Европскиот информативен систем за рак.

Слични содржини