Понекогаш може да биде тешко да се вклучат здрави оброци во вашиот преполн дневен распоред, особено ако работите доцна. Сепак, една студија открива дека доцните вечерни оброци можат да бидат многу лоши за вашето здравје.
Во една студија објавена во списанието Science Advances, истражувачите поделија 19 луѓе – мажи и жени – во две групи со различно време на оброци. Едната група јадела дење, а другата ноќе. Оние кои јаделе во текот на ноќта доживеале пораст на нивото на шеќер во крвта за 6,4 отсто, што може да доведе до сериозни здравствени нарушувања како што се дијабетес и срцеви заболувања, пишува EatThis.
Ако јадете доцна навечер, постојат неколку работи кои можат да влијаат на нивото на шеќер во крвта, вели д-р Лиза Јанг.
„Ако доцна јадете многу калорична храна во форма на високо преработена храна која содржи многу шеќер и сол, нема шанси да ги согорите тие калории затоа што одите во кревет, така што лесно е да добиете дополнителна килограми“, предупредува Јанг.
Експертите затоа препорачуваат да ја промените рутината на исхрана и да консумирате претежно оброци во текот на денот.