248
За време на пандемијата со коронавирус, потрошувачката на алкохолни пијалоци во Германија се зголемила, според студијата на Централниот институт за духовно здравје (ЗИ) од Манхајм и Клиниката во Нирнберг.
Според тоа истражување, една третина, односно 35,5 отсто од возрасните жители на Германија, изјавиле дека пијат повеќе за време на кризата со корона.
Студијата, како што се наведува, не е репрезентативна, но ги покажува првите наоди за алкохолизам за време на рестриктивните мерки заради борбата против коронавирусот.