Суарез: Не заслуживме да страдаме толку многу

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез се надеваше дека неговиот клуб ќе биде во подобра ситуација пред последното коло, по одличниот прв дел од сезоната. Уругвајскиот напаѓач му донесе победа (2: 1) на својот тим во последните моменти од натпреварот против Осасуна, со што го задржа Атлетико на врвот на табелата пред последното коло.

„Не заслуживме да страдаме толку многу“, рече Суарез и додаде: „Во првиот дел од сезоната бевме одлични. Но, за да освоиш лига, мора да страдаш. Сите велат дека секогаш е така во Атлетико. Но, не очекував дека ќе биде толку тешко. Секако, многу луѓе работат напорно за да ја оствариме целта. Мора да бидеме мирни и да се подготвиме за она што нè чека на крајот“.

Во последното коло, Атлетико е домаќин на Ваљадолид. Победата му ја обезбедува титулата шампион. Реал Мадид во моментов е на втората позиција, со два бода помалку, а пред нив е дуел со Виљареал.

Слични содржини