Суарез потпиша со нов клуб

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез потпиша договор со аргентинскиот гигант Ривер Плата, објави новинарот Кристијан Мартин на Твитер.

Минатата сезона, 35-годишниот играч играше за Атлетико Мадрид и забележа 45 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и две асистенции.

Суарез не го продолжи договорот со „јорганџиите“ и како слободен играч ќе се пресели во својот нов клуб. Неговиот договор ќе биде на две години.

Името на поранешниот играч на Барселона и Ливерпул се поврзува со голем број клубови, меѓу кои Јувентус, Астон Вила, Ајакс, Фенербахче и американски тимови.

Слични содржини