197
Барселона размислува да го врати Луис Суарез ова лето, открива „Онда Черо“. Напаѓачот остана без клуб по разделбата со Атлетико Мадрид, но тоа не е приоритет за Каталонците.
Од „Камп Ноу“ разговарале со фудбалерот да почека до август, бидејќи пред тоа клубот ќе направи напори да го доведе Роберт Левандовски. Само во случај на неуспех со напаѓачот на Баерн (Минхен), би се сменила опцијата со Суарез.
Сепак, 35-годишниот Уругваец не се согласува со ова и веќе размислува која од понудите кои му се упатени да ја прифати. Суарез моментално е најблиску до Ривер Плата.
Него го бараат и клубови од САД, а се испостави дека му бил понуден и на Јувентус.
Јужноамериканецот помина шест сезони во Барса, но беше „избркан“ во летото 2020 година.