Subaru BRZ наскоро во нова верзија

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Сегашната генерација на Subaru BRZ овој месец ќе добие нова верзија, чие име се уште не е откриено.

Јапонците досега објавија само една тизер слика, со најава дека станува збор за „поостра и пофокусирана“ еволуција на BRZ. Ова сугерира дека BRZ би можел да добие изменета суспензија и подиректен систем за управување.

Сликата го покажува и логото на BRZ на предното светло, во STI „Cherry Blossom Red“ боја, навестувајќи ја вклученоста на домашниот тјунер на Subaru во овој проект.

Прочитајте повеќе:

Останува да видиме дали автомобилот ќе добие малку поголема сила од стандардниот модел, кој за Северна Америка доаѓа со 2,4-литарски мотор со 228 КС (со погон на задните тркала и шестстепен мануелен менувач или опционален шест -брзински автоматски).

Subaru ќе ја претстави оваа нова верзија на BRZ на фестивалот Subiefest во Калифорнија на 23 јули.