Blitz Toyota GR86 и Subaru BRZ

од Stefanija Kuzmanovska

Минатата година, Blitz претстави прилично радикален боди кит за близнаците Toyota GR86 и Subaru BRZ кој потсети на изгледот на автомобилите во играта NFS Underground, а сега јапонскиот тјунер повторно се посвети на овие спортски автомобили со посуптилен пристап.

За разлика од претходната верзија, новиот боди кит го задржува предниот браник на GR86, што е главната точка на разлика помеѓу близнаците. Во двата случаи, Blitz додаде поизразен сплитер со црни и детали во боја на телото, а „брадата“ сега е поблиску до земјата.

Автомобилите добија продолжетоци на праговите, додека предните и задните браници останаа исти. Бандажите прикажани на фотографиите не се дел од пакетот, но сопственикот има можност да избере.

Назад има дополнителни крила од двете страни на дифузорот, кои може да се добијат во боја на каросеријата или црна. Има и два различни задни спојлери, низок и висок. За крај, на основата на шофершајбната има додаток кој исто така е во бојата на каросеријата и е козметички детаљ. Што се однесува до завршницата на издувната цевка и сетот на налепници, тоа се опции.

„Боди китот“ веќе може да се нарача во Јапонија.

Покрај визуелните модификации, Blitz нуди и голем број механички подобрувања за споменатото дуо. Меѓу нив се подобрувања на доводот, ладењето, пресликувањето на единицата ECU, подобрувања на издувниот систем, а резултатот е зголемување на моќноста на атмосферскиот 2,4-литарски боксер мотор кој фабрички развива 232 КС.

Слични содржини