Субвенции и за октомвриската плата, најави Бектеши

од Берта Китинска
307 прегледи

Првата плата што треба да се субвенционираа е таа за октомври, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој вели дека Владата ќе го испрати деновиве до Собранието законското решение за субвенционирање плати на компаниите и и ма доволно време да биде донесен навреме.

-Ќе го испратиме и законското решение во Собрание и очекуваме во почетокот на ноември да биде усвоено по што веднаш ќе ја реализираме мерката преку УЈП, какошто беше и претходно“, рече Бектеши

За четвртиот пакет економски мерки, тој рече дека зависи од ребалансот на буџетот и од законските решенија кои треба да се донесат во Собранието и ги повика пратениците да ги изгласаат.

– Јас сум убеден дека навреме ќе почне примената. Бескаматните кредити веќе почнаа, за субвенционирањето на платите овие денови, можеби денеска или утре, ќе го пратиме законското решение во собрание и очекуваме на почетокот на ноември да биде усвоено. За дел од мерките треба да се усвои и ребалансот кој моментно е во собраниска процедура, па да излезе во Службен весник. Ние како Министерство сме ги подготвиле сите јавни повици и имаме можност веднаш да ги објавиме. Затоа ги повикувам сите партии и да ги донесеме решенијата – рече Бектеши.

 

Слични содржини