Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово на својата официјална фејсбук страна го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување на електричен тротинет.
-Исполнето уште едно ветување! Од вчера општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од објава на Јавниот повик, 03.05.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на тротинетот. Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Субвенции за електрични тротинети на територија на општина Гази Баба се воведени за прв пат. Ги повикувам граѓаните да аплицираат и да ја искористат можноста, порача Стефковски. Критериумите се објавени во јавниот повик на следниот линк.