451
Владата ќе ги субвенционира приватните компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници, најави вицепремиер Артан Груби во „Click Plus“ на ТВ21.
Тој додаде дека оваа мерка во Влада ќе се разгледува во следниот период.
„Доколку приватни компании вработуваат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници ќе ја разгледаме можноста да ги субвенционираме овие компании. “, изајви Груби.