Субвенции за вработувања по етнички клуч ќе има во приватниот сектор

од Берта Китинска
421 прегледи

Оперативниот план на Агенцијата за вработување за 2021 ќе има програма за субвенционирање на вработувања по етнички критериум во приватните компании, но само за лица кои се долго време надвор од работниот процес.

– Субвенции или поддршка ќе добиваат оние компании кои што ќе вработуваат лица според одредени критериуми кои што ќе се најдат на таа листа и на тој начин ќе биде направен изборот. Целта и фокусот се сите граѓани кои што се засегнати со оваа мерка, а се подолго време надвор од работен процес, без разлика на етничка, религиозна, полова, расна или друга разлика, рече Арсовски.

Со Оперативниот план , обезбедени се една милијарда 516 милиони денари и со него ќе бидат опфатени 10 279 лица.

Слични содржини