Суд во Брисел повторно го одложи рочиштето за екстрадиција на Пуџдемон

од Aleksandar Petrovski
185 прегледи
Суд во Брисел по вторпат го одложи случајот за екстрадиција на поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон и двајца негови соработници, обвинети за поттикнување бунт од шпанските власти.
Следното рочиште е закажано за 3 февруари.
-Судските сослушувањасе одложени. Судот ги слушна нашите аргументи и одлучи да го одложи случајот до 3 февруари, изјави претставник на правниот тим на Пуџдемон.
Како дел од овој процес, белгискиот суд мора да одлучи дали ќе ги почитува трите европски налози за апсење, издадени од страна на Врховниот суд на Шпанија против Пуџдемон и поранешните членови на каталонската влада, Антони Комина и Луис Пуч. 

Слични содржини