424
Судот во областа Хмелницки во Украина ослободи уште 50 затвореници, под услов тие да се приклучат на војската според новиот закон за мобилизација, соопшти денеска службата за информирање на судот.
Украинскиот парламент на 8 мај усвои закон со кој им се дозволува на осудените за одредени кривични дела да служат војска, со што се отвора патот за доброволна мобилизација на затворениците.
Претседателот Володимир Зеленски го потпиша законот на 17 мај, според Киев Индипендент.