Суд во Велика Британија ги одбрани правата на нудист

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Британски суд ја зазеде страната на нудист кој ги застрашувал соседите со голотијата, соопшти весникот “Дејли мирор”. Соседите на 42-годишниот жител на градот Снодланд Роб Џенер се пожалиле повеќепати во полицијата за тоа дека тој прави поправки на домот … без облека. Еден од соседите изјавил во судот дека доживеал одвратност гледајќи го голиот Џенер, свиткан над вреќа со цемент.

Полицајците побарале од нудистот да ги навлече завесите на прозорците или да стави ролетни. Тој ги исполнил препораките, но повиците на револтирани соседи во полицијата не секнале. По третата жалба, тој бил уапсен.

Судот одлучил по внимателно разгледување на случајот, дека правото на самоизразување е поважно од негативните емоции кои голотијата на Џенер ги предизвикува кај околината. Поради жалбите Џенер ја изгубил работата. Тој бил отпуштен откако раководството на компанијата разбрало за судските неволји.

Британецот го продал домот и сакал да се пресели во соседна Шпанија, каде се надева на подобар однос кон нудистите. Во јануари беше соопштено за отворањето на првиот фитнес за нудисти во британскиот град Саутемптон.