233
Премиерот на Судан, Абдула Хамдок преживеал обид за атентат во главниот град Картум, јавуваат државните медиуми.
По експлозијата што го погоди неговиот конвој, Хамдок беше преместен на сигурна локација, соопшти државната телевизија.
Вработените во неговиот кабинет потврдија за Ал Џезеира дека премиерот е „безбеден“.
„Конвојот на премиерот беше нападнат … додека одеше кон канцеларијата“, пренесува известувачот на Ал Џезеира, Хиба Морган.
Никој досега не ја презеде одговорноста за нападот.