Судар на силите на природата: Лавата влезе во океанот, има и земјотреси

од desk2
162 прегледи

Лавата којашто истекува од вулканот Килауеа на Хавајскиот остров од почетокот на минатиот месец уништи околу 600 домови, што ја прави најдеструктивната ерупција во модерното време, изјави регионалниот градоначалник Хери Ким.

Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот и нејзината најрана ерупција била во 1983 година.

Последната вулканска ерупција која денес влезе во 37 ден, исто така е најдеструктивната ерупција во САД од катаклизмичната експолозија на вулканот Сент Хеленс во Вашингтон 1980 година, која опустоши стотина квадратни километри.


Огромната река лава од Килауеа со ширина од 800 метри, а висина 4,5 метри тече се до источниот крај на островот. По три дена лавата навлезе во водите на заливот Капохо, ширејќи се на околу километар и половина од крајбрежјето.


За време на ерупцијата има многу земјотреси, во главно со мала магнитуда, но затоа се многубројни. Освен куќи лавата уништи и други објекти вклучувајќи ги телефонските линии, а надлежните беа приморани да ја исклучат геотермалната централа која обезбедува четвртина струја за островот.