Денес конечно ќе се знае казната на Карлос Шакалот,најбараниот терорист во ссветот од деведесетите.

Пресуда за најпознатиот терорист. Денеска судот во Париз ќе се произнесе против Карлос Шакалот, кој е роден во Венецуела како Илиќ Рамирез Санчез , а е обвинет за смртта на две лица и повреда на други 34 откако фрлил рачна граната во продавница во француската престолнина во 74-та година.
Ако биде прогласен за виновен, тој ќе ја добие третата доживотна затворска казна. 67-годишниот Санчез се изјасни за невин и негираше каква било вмешаност во овој атентат. Адвокатката и негова сопруга велат дека сето тоа е фарса.
“Нема проблем, ќе биде забавно!
Ќе практикуваме малку палеонтологија, за да го негуваме Музејот на политичката историја и Француската судство. Бидејќи овој процес е бесмислен. Поминат е Застарувањето е веќе на два пати но е отфрлано од страна на судот “, објасни Изабел Кута-Пејре, сопруга и адвокат на Карлос Шакалот
Карлос беше уапсен во Судан во 1994-та година по потерница, која траеше со години. Пред повеќе од 30 години Карлос Шакалот беше најпознатиот терорист во светот. Се тврди дека убил десетици во редица извршени напади. Издржува две доживотни казни во францускиот затвор. Но Илиќ Рамирез Санчез е многу повеќе од терорист, велат оние кои го познаваат неговиот живот. Цели држави стојат зад она за кое се тврди дека тој се бори – како слобода за Палестина, победата на марксизмот и ленинизма и разбивање на поробениот од светот капитализам. Но има и друго!