Судбоносниот ден за Франција

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Денес таму е ден за размислување пред претседателските избори Париз,

Ден за размислување во Франција. Утре Французите го избираат својот нов претседател. Изборот е меѓу 11 кандидати. Петмина од нив имаат шанса да стигнат до целната битка .  НА само ден пред гласањето социолозите прогнозираа шечка  трка, бидејќи разликата меѓу првите четворица е во рамките на 3-4%.

Откако претседателот Франсоа Оланд одлучи да не се кандидира за нов мандат, социјалистите подигнаа кандидатурата на Беноа Амон. Според анкетите, сепак, Амон не се вбројува меѓу тројцата со најголема шанса да стигнат до вториот круг. Кандидатот на другата голема партија во Франција – “републиканците”, Франсоа Фијон почна да ја губи популарноста, откако во екот на предизборната кампања доби обвинение за тоа дека си ја назначил сопругата фиктивно на работа.

Марин Ле Пен -лидерот на ултрадесничарскиот “Национален Фронт”, исто така беше вмешана во скандал. Против неа започна истрага за тоа што вработува свои сопартијци, на кои им  плаќала со средства на Европскиот парламент, наменети за плати на помошници на европратеници.

Во март Европарламентот и го одзеде имунитетот  поради слики и видеа на обезглавувањето на ИСИС,што го сподели на Твитер. Денес социолозите ја ставаат на второ место во трката. Во последните недели на прво место, иако со мала предност, е центристот Емануел Макрон. Според последните анкети, се очекува тој да добие околу 23 проценти од гласовите.