Судење за седмообвинетиот во случајот „Насилство во Центар“

од desk2
123 прегледи

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во Центар“.

На главната расправа судијката Татјана Михајлова одлучи на Крстев да му се суди во одвоена постапка.

Тој се изјасни дека не е виновен и на последното рочиште побара судењето да се одложи, бидејќи нема адвокат и има здравствени проблеми.

Во случајот „Насилство во Центар“ 14 лица се обвинети, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

На претходните рочишта вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.