Судење за убиството на Флојд: Со што ќе се соочи поранешниот полицаец Чаувин?

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Американскиот судија додаде нови обвиненија за убиство од трет степен против обвинетиот полицаец за убиството на Џорџ Флојд.

Судија од Минесота во четвртокот го одобри барањето на обвинителот да додаде обвиненија за убиство од трет степен против поранешниот полицаец Дерек Чаувин, кој го уби афроамериканецот Џорџ Флојд, чие убиство беше снимено на камера.

– Убиство од трет степен повторно е актуелизирано, како што беше првично активирано во овој случај – рече судијата Питер Кахил пред судот.

– Ова не е одлука за преостанатите тројца обвинети на кои ќе им се суди подоцна.

Чаувин веќе се соочи со обвиненија од втор степен за убиство и убиство со умисла.

Слични содржини