Санадер пристигнал во судот непосредно пред 10 часот. Неговиот адвокат, Чедо Продановиќ, му рекол на судијата дека според вештакот, Санадер е во состојба да следи тричасовна дебата. 
Денес започна расправата во окружниот суд во Загреб за случајот „Фими медиа“, во кој својата одбрана ја изнесува Иво Санадер. Тој требаше да го стори тоа минатата среда, но тоа беше одложено затоа што неговите адвокати, Јадранка Слоковиќ и Чедо Продановиќ, не се појавија на рочиштето. Поради отсуство на правниот тим на поранешниот премиер, рочиштето потоа беше одложено, а на Слоковиќ и на Продановиќ им беа изречени казни од 10.000 куни за одложување.
– Ги отфрлам сите обвиненија во обвинението засновано врз конструкција, рече поранешниот премиер Иво Санадер, обвинет за организирање на група која повлекувала десетици милиони куни од јавни компании преку медиумска компанија „Фими“, полнелјќи го црниот фонд на неговата партија ХДЗ.
Санадер поднесе медицински досиеја кои покажуваат дека тој е хоспитализиран уште од петокот, поради силна болка во грбот, додека седи и стои. Затоа, тој побара после 25 минути да му биде дозволена кратка пауза.