Судењето на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во Сенатот, што следи откако Претставничкиот дом гласаше за негово отповикување, може да започне на 20 јануари, на денот на инаугурацијата на избраниот шеф на државата, Џозеф Бајден.
Според распоредот до кој имаше пристап „Асошиејтед Прес“, судењето на републиканскиот Трамп може да започне во среда, ако претседателот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, наскоро го испрати текстот на обвинението до Сенатот, според кој долниот дом гласаше за повлекување на претседателот на САД вчера.
Синоќа, Долниот дом гласаше со просто мнозинство гласови изгласа отповикување на Трамп, обвинет за поттикнување на немирите минатата среда во кои беа убиени пет лица.
Пелоси не кажа кога ќе го испрати текстот на обвинението до Сенатот.