Во кривичниот суд во Скопје повторно беше одложено судењето за Мариглен Демири од шарената револуција. Причина е неприсуството на обвинителката која го застапува предметот Наташа Сарамандова, и притворски предмети по кои постапува судијката Славица Андреевска.

За ова судење кое се суди во скратена постапка, две ипол години се одлагаат рочиштата, а се промени и судијката. Демири е обвинет дека ја оштетил Народната канцеларија на претседателот на „Рекорд“ на протестите во април 2016 година, по аболицијата што ја прогласи Ѓорге Иванов.
Од Јавното обвинителство Велат дека обвинителите биле презафатени и затоа не се појавувале на рочиштата.
Следното рочиште е закажано за 30 јануари 2019. За истиот предмет се обвинети и Здравко Савески и Владимир Куновски од Левицата./Макфакс