Судењето за тужбата на Заев против Николовски одложено за 20 ноември

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Судењето по тужбата за клевета што ја поднесе премиерот Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е одложено за 20 ноември.

На денешното рочиште не се појави премиерот Заев, а како застапник на тужбеното барање дојде негов адвокат.

Николовски, пак, оцени дека тужбата е апсурдна и кажа дека досега нема пример каде премиер и лидер на владејачка партија тужи потретседател
на опозициска партија. Николоски бара Заев како тужител да биде повикан и да даде исказ во судот.

Заев го тужи Николовски за изјава дадена во август лани во контекст на случајот „Рекет“ во која го обвинува дека е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра.

Заев како отштета бара 60.000 денари.