Судење на Нетанјаху за поткуп и измама

од Stefanija Kuzmanovska

Во Окружниот суд во Ерусалим денеска продолжува судењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвинението за корупција, кое беше суспендирано заедно со сите други неитни случаи по нападот на Хамас на 7 октомври.

Итната наредба што министерот за правда Јарив Левин ја издаде до израелските судови по избувнувањето на конфликтот со Хамас истече минатата недела, а на повеќето судови им беше наредено да продолжат со нормална работа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху во моментов е ослободен од присуство на сослушувањата, но може да биде повикан да сведочи за неколку месеци.

Нетанјаху се соочува со обвиненија за поткуп, измама и нарушување на довербата во еден случај и обвиненија за измама и нарушување на довербата во два други случаи.

Тој ја негираше својата кривична одговорност.

Слични содржини