Судењето на Зеќири започна од почеток

од Nikola Popovski
138 прегледи

Поради истек на време и промена на членови на Судечкиот совет, судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска започна од почеток.

Овој процес беше подолг период во прекин, откако Основниот кривичен суд – Скопје информираше дека по препорака од психијатар се одложуваат повеќе расправи за случајот со Мухамед Зеќири.

– До Судот е доставено ново стручно мислење на вешто лице – психијатар, според кое заради влошување на психичката состојба на обвинетиот, се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели, стои во соопштението од Кривичен објавено пред еден месец.

Зекири се товари за незаконско склучување консултантски договори со кои го оштетил државниот буџет за нешто преку 1,45 милиони евра. Предмет на договорите биле „Македонска пошта“ и „Железници на РСМ Транспорт АД Скопје“.

На 9 април минатата година на Зеќири му беше одредена мерка притвор, која што поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор.

Судскиот процес го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска. Истата судијка во моментов му суди и на поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски.

Слични содржини