Следното судско рочиште за случајот „Титаник” е предвидено да продолжи на 20 септември.
На денешното рочиште поголем дел од сведоците истакнаа дека остануваат на изјавите дадени на претходните расправи, а само двајца сведоци рекоа дека не се сеќаваат за дел од нивните претходни изјави.
Во предметот „Титаник“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.
Ова е првиот случај откако измените на Кривичниот законик од петокот веќе се на сила. Со нив се намалија казните за делата за кои најчесто се гонат функционерите.