Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Македонија на ја одржа 36 седница на која одлучи закажаното редовно изборно Собрание на 20 март 2020 година да се одложи за 14 мај 2020 година.
Во однос на новонастанатата состојба со COVID – 19 по претходно информирање на члeновите на Управен одбор од страна на Претседателот на Здружение на судиите на РМ, за реакцијата на дел од подружниците за потребата од доследно почитување на утврдените мерки од страна на Владата на РСМ, во однос на корона вирусот, Управниот одбор заклучи, Здружение на судиите да побара од Судски совет и Врховен суд на РСМ, да преземат соодветни мерки за целосно почитување на Мерките на Владата на РСМ преку конкретни активности:
1. Да се донесе одлука за одлагање на закажаните рочиштата,
2. Да се судат само итните и недоложни предмети,
3. За судиите кои ќе ги судат итните и неодложни предмети да се обезбедат соодветни мерки за заштита, согласно Протоколите утврдени од страна на Министерството за здравство и Владата на РСМ, се вели во соопштението на Управниот одбор на Здружението на судиите.