Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија на 26.04.2022 година ја одржа XIII – та седница, на која расправале за реализација на aктивностите за подобрување на материјалниот статус на судиите и меѓу другото ја усвоиле одлуката предупредувачкиот протест, најавен за 28 април од страна на Здружениот на судии.
Според соопштението, протестот се пролонгира од причина што од Владата се преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените Измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15 отсто.
-Тргнувајќи од горните констатации и определбата на органите и телата на ЗСРСМ и судиите, за решавање на спорните прашања низ дијалог, Управниот одбор донесе одлука да се пролонгира предупредувачки протест, најавен за ден 28.04.2022 година, соопштија од Здружението на судии.