Германскиот судија Бенџамин Барт не ја дели правдата на натпреварите во Евролигата од минатата есен бидејќи одбил да ја избричи брадата.
Тој во разговор за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ кажа за што се работи.
„Високиот судиски директор на Евролигата Ричард Стоукс ми објасни дека главните тренери и директорите не сакаат брада и дека ќе се жалат на тоа“, изјави Барт.
Како што се наведува во извештајот од натпреварите, германскиот судија одбил да ја избричи брадата и откако неколку пати бил запрашан.
„Не разбирам за што се работи. Каква разлика има дали ќе се избричам или не? Тоа е форма на дискриминација. Колку и да би сакал да судам во Евролигата, тоа нема да го прифатам“, изјавил судијата роден во Минхен.