Судија од Босна и Херцеговина делегиран за финалето на Конференциската лига, познат и судијата за финалето на Лигата на шампионите

од Марта Пешевска
44 прегледи

Романецот Иштван Ковач ќе го суди финалето на Лигата на шампионите, објави Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Дополнително, УЕФА објави и кои судии ќе ги судат финалните натпревари во преостанатите европски натпреварувања. Судијата од Босна и Херцеговина, Ирфан Пељто, ќе го суди финалето на Конференциската лига, во кое ќе се сретнат Челзи и Реал Бетис на 28 мај во Вроцлав.

За Лигата на Европа, германскиот судија Феликс Цвајер ќе го суди финалето меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем на 21 мај во Билбао. Ирфан Пељто е меѓународен судија од 2015 година и оваа сезона судеше седум натпревари од Лигата на шампионите, вклучувајќи го четвртфиналето помеѓу Арсенал и Реал Мадрид, како и четири натпревари од Лигата на Европа. Неговите асистенти ќе бидат Сенад Ибришимбеговиќ и Давор Бељо од Босна и Херцеговина, додека Халил Умут Мелер од Турција ќе биде четврти судија. ВАР системот ќе го надгледува Жером Брисар од Франција.

Слични содржини