Судија повторно мораше да прекине натпревар на Реал Мадрид поради расистички напади врз Винисиус

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Синоќешниот полуфинален натпревар од Копа дел Реј помеѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид (0:1) мораше накратко да биде прекинат поради расистичко однесување на навивачите кон гостинските фудбалери.

Имено, инцидентот се случил во последните моменти од првото полувреме кога е забележан навивач кој прави мајмунски гести кулации кон крилото Винисиус Жуниор.

Бразилецот и претходно беше цел на расистички напади во текот на кариерата во Шпанија, а синоќешниот натпревар беше особено значаен за него бидејќи првпат ја носеше капитенската лента за Реал.

Од трибините имаше и извици „Асенсио умри“, упатени кон играчот Раул Асенсио, па шпанскиот судија Хозе Марија Санчез Мартинез го активираше протоколот против расизам на Ла Лига и го прекина натпреварот.

Официјалните лица на стадионот потоа ги предупредија навивачите дека играта ќе биде суспендирана или дури и прекината доколку скандирањата не престанат.

Да потсетиме дека еден од најпознатите инциденти со расизам и Винисиус се случи за време на гостувањето на стадионот Местаља во Валенсија.

Овој случај резултираше со апсење на тројца навивачи, а пред две години истата судбина ги снајде и навивачите на Атлетико затоа што закачија кукла облечена во дресот на Винисиус на мост со слоганот „Мадрид го мрази Реал“.

Слични содржини