Судијата Димовски го тужи Судскиот совет – обвинува за неправедно оценување и бара поништување на одлуката!

од Љубиша Владимиров
122 прегледи

Постои можност шест судии, кои неодамна беа унапредени од Граѓанскиот во Апелациониот суд, да не ги заземат новите позиции, откако судијата Андреј Димовски поднесе тужба против Судскиот совет, со која го оспорува процесот на неговото оценување.

Димовски смета дека при последното рангирање бил неправедно оценет и дека не му биле доделени поени за сите критериуми кои, според него, ги исполнува. Затоа, тој бара Управниот суд да ја поништи одлуката за негово оценување, што може да значи и враќање на целата постапка на почеток.

Во својата тужба, судијата се повикува и на пракса на Европскиот суд за човекови права, тврдејќи дека биле прекршени неговите права загарантирани со член 6 од Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на правото на правично судење.

„Начинот на кој Судскиот совет не ги применил прописите е толку сериозен што претставува повреда на обврските што државата ги има преземено согласно меѓународното право“, изјави Димовски.

Од Судскиот совет, пак, тврдат дека се постапувало по закон. Тие објаснуваат дека оценувањето било направено според законските одредби од 2019 година, а дека Врховниот суд ја поништил нивната претходна одлука само врз основа на приговор, а не поради самото оценување.

Сега останува Управниот суд да донесе одлука. Ако ја уважи тужбата на Димовски, целата постапка за избор на судии може да биде поништена и повторно вратена на почеток.

Слични содржини