Судијката Приска Матимба Нјамбе, која не се согласуи со другите членови на жалбениот совет на Хашкиот трибунал, кој денес ја потврди доживотната казна затвор на Ратко Младиќ за воени злосторства и геноцид во Сребреница, во посебно мислење рече дека таа би наложила да се повтори судењето на Младиќ пред друг судечки совет.
„Со оглед на природата и тежината на правните грешки забележани во овој случај, за разлика од другите членови на Жалбениот совет, јас би наредила судењето на Младиќ да се повтори пред второстепениот суд. По сите точки на обвинението. Освен обвинението 6 за земање заложници во заеднички злосторнички потфат“, изјави таа во посебното мислење напишано на околу 60 страници.
Нјамбе, кој денес претседаваше со Жалбениот совет, рече дека Младиќ во својата жалба „исполнува високи стандарди и ги посочува главните грешки на Судскиот совет“. Според тоа, таа „би ги прифатила скоро сите основи на неговата жалба“.
Судијката истакна дека поради временските ограничувања, а исто така и со оглед на тоа што работела од далечина, според своето посебно мислење, таа се занимавала само со „грубите грешки на Судскиот совет“.
Меѓу другото, таа изјави дека, спротивно на ставовите на повеќето членови на Советот, не се согласува со ставот дека постои заедничко злосторничко дело меѓу поединци во српските сили и раководството на Република Српска за насилно отстранување на не-Српско население, пренесе Танјуг.
Нјамбе додаде дека не верува дека има заедничка цел за такво злосторничко дело, туку населението во енклавата „сакаше да замине“. И, со помош на Армијата на РБиХ и на Военото претседателство на Жепа, постигнат е договор за евакуација на луѓето поради војна.
„Соодветно на тоа, не можам да заклучам дека каков било присилен трансфер придонел за заклучок за геноцид или здружување заради извршување геноцид. Како што не можам да заклучам, врз основа на целокупниот доказ од записите, муслиманските цивили во енклавите Сребреница и Жепа ги прогониле српски сили со посебна намера“, пишува во одделно мислење Нјамбе.